Донација на опрема од Солар Македонија и Лаг Агро Лидер за СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Донација на опрема од Солар Македонија и Лаг Агро Лидер за СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Солар Македонија заедно со ЛАГ Агро Лидер донираа опрема за еко катче и мерни инструменти за СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од активноста „Мал, ама голем климатски херој“.

Соработката на организациите со СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп е во рамките на проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“ во чии рамки се спроведуваат заеднички иницијативи насочени кон промовирање на добри практики и решенија кои ќе го намалат влијанието на климатските промени со фокус на земјоделскиот сектор.

Преку ваквите активности се зголемува знаењето и се зајакнуваат вештините на младите за справување со климатски промени.

Проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатските промени“ е поддржан од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со “Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски е поддржан од Владата на Шведска.

Views: 19

Sharing is caring!