За нас

Основни информации

Македонска асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“ е стручно, научно, образовно и невладино здружение чии фокус е зајакнување на соработката меѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција на обновливите извори на енергија. Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби.