Проектот „Подобрување на вештините за сончева енергија“ или „Solar energy skills boost“ има за цел да им помогне на соларните компании и на потенцијалниот персонал да ги подобрат своите вештини, продуктивност и вработливост.
Во рамките на проектот се опфатени три активности:

Обука за проектанти на термални, фотоволтаични и фото/термални соларни системи-TRNSYS – За разлика од најголемиот дел софтвери за проектирање кои се наменети само за еден тип на соларни системи, TRNSYS содржи комбинација од алатки за проектирање на сите три типови на соларни системи. Солар Македонија ќе го набави софтверот и ќе изготви прирачник за употреба на истиот. Во рамките на проектот предвидено е да се одржи и обука на 10 компании или поединци, кои имаат 2-годишно искуство во областа на енергетиката/обновливите извори на енергија и најмалку 3 релевантни проекти. Дополнително, посебен поттик за учество ќе имаат компаниите управувани од жени и жените – проектантки. Обуката ќе се спроведе во март и мај 2024 год.

Соларен саем – По примерот на минатогодишниот Соларен саем 2022, годинава ќе се одржи Соларен саем 2023. За разлика од претходниот саем кој беше од затворен тип за членките на асоцијацијата, со домашни излагачи и за таргетирани учесници, Соларниот саем 2023 ќе биде отворен за пошироката јавност. Таргет групите на саемот се приватни фирми кои имаат зголемени сметки за енергија, домаќинства на кои им е потребна соларна опрема и комерцијални банки кои можат да обезбедат процес на финансирање. Дополнителна надградба на саемот ќе бидат меѓународните компании – изложувачи. Саемот ќе се одржи во периодот 15-17 септември 2023 год.

– Соларна конференција – Овој настан ќе се покаже како корисен за сите видови членки: монтажери, проектанти, професори и тн. На конференцијата ќе можат да се најдат информации за најновата технологија (претставени од меѓународен и домашен панелист од приватни компании) и информации за кредитни линии за енергетска ефикасност (претставени од GEFF, комерцијални банки). Конференцијата ќе се одржи на 15 декември 2023 год.

Проектот е предводен од Асоцијацијата за соларна енергија „Солар Македонија“, а финансиски е поддржан од УСАИД во рамките на Jump Start грантовите, спроведувани од Консалтинг за стратешки развој.

Views: 44