СОЛАРЕН САЕМ МАКСОЛ ЕКСПО 2026

Вие сте во: Дома / СОЛАРЕН САЕМ МАКСОЛ ЕКСПО 2026

ПОТВРДЕНИ ИЗЛАГАЧИ-СОЛАРЕН САЕМ 2026

Годишен „СОЛАРЕН САЕМ – МАКСОЛ ЕКСПО 2026“

Македонската Соларна Асоцијација, по големиот успех на претходните три излагања, го организира четвртиот Годишен „СОЛАРЕН САЕМ – МАКСОЛ ЕКСПО“ од отворен тип. Настанот ќе се одржи од 04 до 07 јуни 2026 година во Скопје Сити Мол.

Саемот е наменет за сите заинтересирани граѓани и приватни инвеститори, кои ќе имаат можност да се запознаат со најновата соларна технологија и опрема. За членките на асоцијацијата излагањето е субвенционирано. Како изгледаше минатата година, можете да погледнете во албумот.

Што ќе се случува на настанот

  • Едукативни предавања за достапни субвенции, поволни кредитни линии, потребни информации пред барање понуда и технички услови за инсталација.
  • Практични совети за избор на соодветна опрема и неопходни податоци пред пристапување кон компании од соларниот сектор.
  • Вмрежување меѓу членките на асоцијацијата, која брои над 100 домашни и интернационални компании – производители, трговци, проектанти, монтажери, експерти и инвеститори.
  • Изложба на најнови производи и трендови од страна на нашите компании-членки, достапни за домаќинства, инвеститори, проектанти и монтажери.

Со големо задоволство ги покануваме сите инсталатери кои ја завршија обуката во Солар Македонија на првиот ИНСТАЛАТЕРСКИ ДЕН, кој ќе се одржи на 06.06.2026 за време на 4-тиот Соларен саем во Скопје Сити Мол (04–07.06.2026). Настанот е наменет за сите кандидати кои успешно ја поминале нашата обука и претставува одлична можност за повторна средба помеѓу кандидатите, размена на искуства, вмрежување со излагачите и воспоставување нови соработки.
Од 2018 година започнавме со развивање и верификација на програмата за обука на соларни монтажери, а до денес повеќе од 100 кандидати од цела Македонија ја завршија оваа програма.
Резервирајте го датумот! Детални информации ќе бидат споделени наскоро. Потврдете го вашето присуство на info@solar.org.mk или 078317902

МАПА ОД РЕЗЕРВИРАНИ ЛОКАЦИИ

ПОТВРДЕНИ ИЗЛАГАЧИ 2026 ИЗДАНИЕ

Views: 1.717