Програма за работа

на здружението на граѓани “Солар Македонија”

Здружението на граѓани кои го основаат и членуваат во него на доброволна основа, претставува невладина, непартиска и непрофитна асоцијација, во која неговите основачи и идните членови ги отстваруваат своите лични и заеднички цели и интереси, како и истите на пошироката општествена зеадница.

Програмските активности на здружението ќе бидат насочени особено кон:

1. Поттикнување, помагање и развој на научно-истрачувачката дејност во полето на искористувањето на сончевата енергија како енергетски ресурс.

2. Учество на домашни и меѓународни проекти за идентификување на квалитетот на расположивиот потенцијал за производство и изведба на соларни системи, како и нивно вклучување во енергетскиот потенцијал.

3. Организирање на семинари, конгреси и работилници со домашни и странски експерти, на кои ќе се презентираат и разменуваат искуства од полето на интерес.

4. Регионално поврзување и соработка со сродни домашни и странски здруженија.

5. Издавање на посебно медиумско списание во кое ќе се објавуваат домашни и странски трудови, нови достигнувања во методите за искористување на ресурсот, дисеминација на резултати, позитивни и негативни искуства, технички и технолошки напредоци и сл.

6. Изготвување на студии и анализи за: искористување на потенцијалот на сончевата енергија, нејзино потенцијално учество во енергетскиот биланс на државата, учество во создавањето на енергетската стратегија на државата.

7. Воспоставување на редовна поддршка и влијание врз државните институции со цел: оформување на законски, образовни и финансиски механизми за поддршка на развојот и пошироката примена на сончевата енергија; усогласување со регулативите и стандардите на Европската заедница за учество на обновливите енергетски извори во вкупниот енергетски биланс на земјата, за опремата и материјалите кои се применуваат за изведување на соларните системи, критериуми за обезбедување на минимален квалитет на соларните системи; промоција, подигнување на свеста и едукација за соларната енергија во образовниот систем (основно, средно и високо образование); поддршка во организацијата на јавни кампањи за промоција и подигнување на свеста на граѓанството за примената на соларната енергија итн.

8. Поддршка на образовниот сектор преку контакти и соработка за (до)образување на специјалисти и техничари, организирање на курсеви за обука на производители, организирање на редовно снабдување со нова професионална литература.

9. Развој во полето и истражување на идните достигнувања во експлоатацијата на сончевата енергија;

10. Проучување и следење на искуствата на другите земји во искористувањето на сончевата енергија;

11. Други активности поврзани со сончевата енергија.

Views: 153