СОДРЖИНА

 

член 1 Дефиниција

член 2 Регистрација

член 3 Седиште

член 4 Структура

член 5 Индивидуални членови

член 6 Корпоративни членови

член 7 Спонзори и помагачи

член 8 Управување

член 9 Претседател

член 10 Управен одбор на “Солар Македонија”

член 11 Собрание на “Солар Македонија ”

член 12 Соработка со други здруженија

член 13 Ме|ународна соработка

член 14 Секретар

член 15 Сметка

член 16 Финансирање

член 17 Измени на статутот

С Т А Т У Т

 

член 1

ДЕФИНИЦИЈА

Македонското здружение за соларна енергија “Солар Македонија” (во понатамошниот текст “Солар Македонија”) е стручно, научно, образовно и културно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. Солар Македонија е невладино, непартиско и непрофитно здружение.

Намената на здружението е (како што е дефинирано во регистрацијата на здружението), да поттикнува и овозможува соработка помеѓу македонските фирми (производители, проектанти, изведувачи, увозници, сервисери), стручњаци и научници од сите научни дисциплини, техники и технологии, поврзани на истражувањата, развојот, промоцијата на сончевата енергија, како и проектирањето, производството, комплетирањето, експлоатацијата, одржувањето на објектите за користење на сончевата енергија.

член 2

РЕГИСТРАЦИЈА

“Солар Македонија” е регистрирана како непрофитно здружение. Согласно законите на Република Македонија, истото е ослободено од плаќање на било какви давачки поврзани на неговото работење.

член 3

СЕДИШТЕ

Седиштето на “Солар Македонија” е во Скопје на ул.Вељко Влаховиќ бр.18/межанин, Република Македонија.

член 4

СТРУКТУРА

 

“Солар Македонија” се состои од нејзините физички и правни лица, спонзори и помагачи, претседателство, управен одбор, наѕорен одбор и секретар.

 

член 5

ИНДИВИДУАЛНИ ЧЛЕНОВИ

Во “Солар Македонија” може да членува секое физичко лице, независно од професијата, возраста, полот, религиозната или политичка определеност, заинтересирана да работи на развојот на примената на сончевата енергија.

член 6

КОРПОРАТИВНИ ЧЛЕНОВИ

Во “Солар Македонија” може да членува секое правно лице: работна, образовна, научна и слична организација, институција или фирма, заинтересирано да работи на развојот на примената на сончевата енергија.

член 7

СПОНЗОРИ И ПОМАГАЧИ

Работата на “Солар Македонија” може да ја помага секој поединец, работна или друга организација преку редовно годишно финансирање на целокупната активност (спонзори), или финансирање на поединечни конкретни активности (помагачи). Секоја финансиска помош ќе биде примена и употребена стриктно за намените за кои е дадена. Висината на поддршката ќе зависи од можностите на спонзорот, или помагачот и ќе биде усогласувана поме|у Управниот одбор на “Солар Македонија” и конкретниот спонзор, или помагач.

Имињата на спонзорите и помагачите се наведуваат во сите публикации на “Солар Македонија” (спонзори), или во публикации за конкретни активности (помагачи).

 

член 8

УПРАВУВАЊЕ

Работите на “Солар Македонија” ќе се управуваат од страна на Претседателот и Управниот одбор на здружението, а во согласност со регистрацијата на здружението, дефинираните цели и програма за работа, како и политиката и задачите, дефинирани и добиени од страна на Собранието на “Солар Македонија”, како највисок орган на управување на здружението.

 

 

 

член 9

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот на “Солар Македонија” е највисок раководен орган, претставник и потписник на здружението, кој за својата работа му одговара на Собранието на здружението. Тој по функција е претседател на Управниот одбор на “Солар Македонија”, а останува негов член и во тек на еден мандат по губењето на функцијата.

Претседателот посебно ги има следните права и одговорности:

координација на сите активности на “Солар Македонија”,
застапување на “Солар Македонија” пред домашни и странски асоцијации, организации, институции, личности и сл.,
развој и реализација на кампањите за финансирање на работата на “Солар Македонија”,
трошење на финансиските средства на “Солар Македонија”.
Претседателот на “Солар Македонија” се бира од страна на Собранието на здружението, со тајно гласање. Кандидирањето за претседател се врши од страна на наѕорниот одбор на “Солар Македонија”, на начин и постапка регулиран со деловник за нејзина работа. Мандатот на претседателот е четири години, со право на еден реизбор.

 

член 10

УПРАВЕН ОДБОР НА “СОЛАР МАКЕДОНИЈА”

Управниот одбор на ” Солар Македонија” е извршно раководно тело на здружението, одговорно за реализација на активностите дефинирани од Собранието и задачите од Претседателот, како и други активности по овластување на претседателот. Тој е истовремено и советодавно тело на Претседателот на ”Солар Македонија”.

Управниот одбор работи по деловник за работа, усвоен од страна на Собранието на “Солар Македонија”. Составот на Управниот одбор е како што следува:

– Претседател на Управниот одбор, кој е воедно претседател на

здружението;

– Заменик претседател на Управниот одбор, кој е воедно и заменик

претседател на здружението;

– Претседател на наѕорниот одбор;

– Секретар на ”Солар Македонија”;

– Претседател на ” Солар Македонија” во изминатиот мандатен период;

– Претседател на Управниот одбор на ”Солар Македонија” во

изминатиот мандатен период;

– Три члена од членовите на здружението.

Управниот одбор на ”Солар Македонија” се бира со тајно гласање, по кандидатска листа дефинирана од страна на наѕорниот одбор на здружението.

Постапката за номинација и избор е регулирана со деловникот за работа на Управниот одбор и наѕорниот одбор на ”Солар Македонија”. Мандатот на членовите на Управниот одбор е 4 години, со право на еден реизбор.

Управниот одбор на ”Солар Македонија” има право и должност да назначува и други привремени раководни личности, врзани за реализација на конкретните активности на здружението. Тој исто така ги бира и преостанатите членови на поединечните комисии (формирани според тековните потреби), на предлог на нивните претседатели.

Управниот одбор на ”Солар Македонија” е раководен од страна на Претседателот или, во негово отсуство, заменик претседателот на Управниот одбор, кои и ги закажуваат неговите седници. Во случај на отсуство или спреченост на двајцата, седниците може да ги закажува и раководи и Претседателот на собранието на ”Солар Македонија”.

 

 

член 11

СОБРАНИЕ

Собранието на ”Солар Македонија” е највисок управен орган на здружението, составен од членовите на истото по било кој основ.

Собранието ги има следните права и одговорности:

Усвојување на годишни планови и извештаи за работата на “Солар Македонија”, кои ги поднесува Претседателот на здружението;
Усвојување на годишни финансиски планови и извештаи за работата на “Солар Македонија”, кои ги поднесува Претседателот на здружението;Избор и отповикување на Претседателот на “Солар Македонија” и членовите на Управниот одбор на “Солар Македонија”. Изборите и отповикувањата се вршат по официјална постапка и номинација од страна на наѕорниот одбор на “Солар Македонија”, во согласност со деловникот на работа на истата.
Собранието на “Солар Македонија” се одржува еднаш годишно, во тек на втората половина на тековната година, паралелно со некоја научна или стручна манифестација, организирана од страна на здружението.

Управниот одбор на “Солар Македонија” свикува собрание и во случај повеќе од 30% од членовите да го бараат тоа. Такво барање мора да биде поднесено во писмена форма, со дефинирана причина за одржување на вонредното Собрание, а намалку 2 месеци пред бараниот термин.

Со работата на Собранието раководи Претседателството на Собранието, составено од претседателот на здружението, заменик претседателот на здружението, секретарот и претставници на 3 најзначајни спонзори и помагачи во тек на предходниот период помеѓу две собранија.

Одлуките на Собранието се донесуваат со јавно гласање, освен по посебно барање на 50+1% од присутните и за избор на Претседател и членови на Управниот одбор на “Солар Македонија”

Собранието има кворум за полноправно одлучување доколку на него се присутни најмалку 50+1% од членовите на здружението. Одлуките се сметаат за полноважни доколку за нив гласало просто мнозинство од присутните.

член 12

СОРАБОТКА СО ДРУГИ ЗДРУЖЕНИЈА

“Солар Македонија“ ги отстварува своите активности самостојно или во соработка со други професионални и други здруженија, организации, институции, државна администрација и сл.

Планирањето и реализацијата на овие соработки се право и должност на Претседателот и Управниот одбор на “Солар Македонија “.

член 13

 

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

“Солар Македонија” отстварува и ме|ународна активности, во соработка со ме|ународни асоцијации, институции и организации.

Планирањето и реализацијата на ме|ународната соработка е право и одговорност на Претседателот на здружението и Наѕорниот одбор. Одлуката за потпишување на конкретни договори, кои подразбираат и финансиски одговорности, се донесува на предлог на Претседателот, со гласање на Управниот одбор на ”Солар Македонија”. При тоа Претседателот на здружението има право на 30% гласови. Одлуката се смета за донесена ако за неа гласале 50+1% од составот на Управниот одбор.

член 14

СЕКРЕТАР

Секретарот на “Солар Македонија” е помошно административно лице за здружението, задолжено за:

– Водење на записници

– Водење на благајната и

– Архивирање-администрирање.

Преку секретарот се вршат сите финансиски (уплати, исплати) и административни (архивирање на договори, пошта, телефони, факсови и сл.) активности. Секретарот поднесува тромесечни, полугодишни и годишни извештаи за својата работа пред Управниот одбор на “Солар Македонија”.

Овластени потписници на документите на “Солар Македонија” се Претседателот и Заменик Претседателот на здружението.

Седиштето на Секретарот е истоветно со седиштето на здружението и се менува со менување на истото.

член 15

СМЕТКА

“Солар Македонија” своето финансиско работење го реализира преку посебна сметка за платен промет на Република Македонија. Овластени потписници на сметката се Претседателот и Заменик Претседателот на “Солар Македонија”.

член 16

 

ФИНАНСИРАЊЕ

Работењето на “Солар Македонија” се финасира преку:

членарини
Средства од државни институции
Средства собрани од спонзори на “Солар Македонија”
Средства собрани од помагачи на “Солар Македонија”и
Средства од услуги.
Висината на членарините за индивидуални и корпоративни членови се определува со гласање од страна на Собранието на “Солар Македонија”, за секоја година, а по предлог на Управниот одбор на здружението.

Прибирањето на средства од спонзори и помагачи е одговорност на Претседателот на “Солар Македонија”.

Средствата од услуги се одговорност на Управниот одбор на “Солар Македонија”.

член 17

ДОНЕСУВАЊЕ И ИЗМЕНИ НА СТАТУТОТ

 

Статутот на “Солар Македонија” се донесува од страна на Собранието со двотретинско мнозинство на присутните, а на предлог на Претседателот на здружението. Истата постапка е предвидена и за негови измени.

Скопје, 15 септември 2006

Претседател, Претседател на

основачкото собрание

д-р Илија Насов

__________________________ _______________________

Views: 51