Проектот InnoFinRes има за цел да ја поддржи транзицијата кон обновливи извори на енергија преку реконструкција на локална градинка со хибриден фото-термален соларен систем и креирање на нов модел на финансирање. Различни засегнати страни ќе бидат вклучени во процесот на креирање на моделот, што носи сигурност дека ќе биде остварлив во локален контекст. Преку проектот ќе се овозможи пристаап на локалната самоуправа до децентрализирана енергија од нова финансиска перспектива.

Во проектот е опфатен тристран пристап кон целта „Промовирање на доградба и децентрализирана енергија“. Трите пристапи се:

1. Со воведување на хибриден фото-термален соларен систем, ќе биде понудена поефикасна технологија за ОИЕ кај објекти кои имаат потреба и од електрична енергија и од топла вода. Потенцијалните корисници ќе бидат информирани за алтернативнит опции на стандардните решенија.

2. Преку создавањето на новиот финансиски модел проектот има за цел да ги поттикне локалната власт и заедниците да станат инвеститори и лидери на енергетската транзиција, преку заобиколување на вообичаените механизми за финансирање и создавање на основа за воспоставување енергетски задруги или слични структури.

3. Со создавање на механизам за алтернативно инвестирање, финансискиот товар повеќе нема да паѓа на еден субјект, туку ќе биде фрагментиран и пофлексибилен и помалку ризичен. Ова ќе им овозможи на општините и локалните самоуправи поголема агилност кога станува збор за транзицијата кон ОИЕ, а исто така јасно ќе се увиде кој плаќа за доградба и кој има корист од тоа.

Проектот е резултат на соработка на Македонската Соларна Асоцијација „Солар Македонија“, Општина Илинден, SmartUp-Social Innovation Lab, KLIK, Korimako и Consejo Insular de la Energia de Gran Canaria, а е поддржан од EIT Climate – KIC.

Views: 20