СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО

СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО

СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО 2026 веќе започна во Скопје Сити Мол
Голем интерес за соларни технологии, субвенции и енергетски решенија – во сабота следува и првиот „Инсталатерски ден“
Со голем број посетители, компании и професионалци од енергетскиот сектор, веќе започна четвртото издание на МАКСОЛ ЕКСПО 2026, во организација на Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол, кој се одржува од 4 до 7 јуни. На официјалното отворање на саемот се обратија: Проф. д-р Илија Насов, претседател на Македонската Соларна Асоцијација, Солар Македонија, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП и Проф. Даме Димитровски, претставник на Влада на Република Северна Македонија.
На саемот учествуваат повеќе од 30 компании од Македонија и регионот, што ги претставуваат најновите производи, технологии, електрични возила и иновативни решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.
Посетителите веќе имаа можност да ја разгледаат најсовремената соларна опрема, а особено внимание предизвика GFF денот со презентација во Cineplexx, посветен на субвенции, грантови и поволни кредитни линии за инвестиции во енергетски ефикасни решенија. Во рамки на презентациите во Cineplexx, граѓаните добија практични информации за финансиските можности што ги нуди програмата „Зелен финансиски инструмент“ (Green Finance Facility – GFF), како и условите за аплицирање и користење грант компоненти за одредени категории граѓани како и приватни лица.
Во фокусот на саемот е и вмрежувањето помеѓу компаниите, инвеститорите и стручните лица од секторот, а токму затоа организаторите упатуваат отворен повик за бесплатно учество на првиот „Инсталатерски ден“, кој ќе се одржи на 6 јуни, сабота во Cineplexx од 13 часот (потребна резервација за презентацијата во Cineplexx на info@solar.org,mk), во рамки на МАКСОЛ ЕКСПО 2026
ИНСТАЛАТЕРСКИОТ ДЕН е наменет за монтажери, инсталатери, сервисери и компании од индустријата,инвеститори со цел директно поврзување, размена на искуства и создавање нови партнерства во соларниот сектор. Во текот на денот ќе се одржат презентации, средби и дискусии посветени на практичните предизвици, новите технологии и можностите за соработка помеѓу компаниите и професионалците на терен. Со цел постигнување на максимална употреба на сончевата енергија во земјата, Солар Македонија активно работи на обучување на кадар и овозможување на добри пазарни услови за компаниите во секторот. Бидејќи Солар препозна дека квалитетно изработените и инсталираните сончеви системи можат значително да ја зголемат работата на компаниите.
Саемот е отворен за сите заинтересирани граѓани, компании и професионалци до 7 јуни во Скопје Сити Мол.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навремено да го посетат МАКСОЛ ЕКСПО 2026 и да бидат дел од овој голем соларен настан во земјата

 

Линк од албум со слики

 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1415957437227030&type=3

 

Views: 10

Sharing is caring!