Во периодот 15-17 септември 2023 г., во Скопје Сити Мол, се одржа „Соларен Саем“ во организација на Македонска асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“. Учество на саемот зедоа 24 изложувачи од 4 држави. Меѓу излагачите беа производители и трговци на сончева опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, бакарен фитинг за термални системи, инвертори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди и електрични полначи, конструкции за монтажа на соларни колектори и соларни бојлери.

Саемот е организиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со “Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски е поддржан од Владата на Шведска.

За време на саемот беше презентиран и Климатско неутралениот прирачник кој е издаден во рамките на истиот проект. Во прирачникот има информации за тоа каде може да се пронајдат субвенции, важни сертификати при избор на опрема како и правна регулатива за инсталација на соларни системи. Исто така, најавена беше и Обука за соларни монтажери која ќе се одржи кон крајот на 2023 г.

Ова е втор годишен „Соларен Саем“. Првиот ваков саем се одржа во 2022 г.

Views: 26