Почитувани,
Со поддршка на странски донатор, здружението Солар Македонија има можност да поддржи три компании во процесот на имплементација на стандардот ISO 9001:2015, во износ од околу 50% од трошоците за имплементација на овој стандард, но не повеќе од 500 $УСД по компанија. Овој износ Солар Македонија ќе го уплати директно на консултанската компанија која ќе ја спроведува имплементацијата, по завршена имплементација и поднесен извештај за активностите. Остатокот од износот за имплементација на овој стандард, ќе треба компанијата апликант директно да и го плати на консултанската фирма во договор со консултантите.
Целта на оваа активност е да се зајакне соларниот сектор во Република Македонија, и оваа поддршка се однесува само за фирми кои се членови на здружението и кои активно се занимаваат со соларни технологии. Услови кои компаниите треба да ги задоволат за да можат да ја добијат оваа поддршка од Солар Македонија се:
- Да се активни членови на здружението, односно да имаат платено членарина за 2019 година според ценовникот за членарини објавен на веб страната на здружението (solar.org.mk),
- Да уплатат износ од 1.900 денари котизација за учество во оваа активност,
- Да потпишат изјава за прифаќање на условите на поддршката.
Само процесот на имплементација подлежи на поддршка и субвенционирање од страна на Солар Македонија, додека сертификацијата на стандардот ISO 9001:2015 не подлежи на субвенционирање од страна на Солар Македонија. За процесот на сертификација компаниите треба да употребат свои средства или да побараат средства од други извори, како на пример средства од Министерството за Економија на Република Македонија. Министерството секоја година истакнува јавен оглас за субвенционирање на сертификацијата на овој стандард. Членовите на здружението ќе добијат благовремена информација за објавата на овој оглас.
Повеќе информации може да се најдат на веб страната на здружението: www.solar.org.mk
Заинтересираните компании можат да се пријават на следниот линк: (link) или да испратат e-mail до здружението на следната e-mail адреса: trajkov-stefan@live.com; ilija.nasov@yahoo.com најдоцна до 30.01.2019