План за втора обука за соларни системи (85% субвенционирана за 2019 год)

План за втора обука за соларни системи (85% субвенционирана за 2019 год)

Почитувани

Обуките за соларни системи (монтажа, димензионирање и сервис) ќе се одржат во Скопје и Штип:

Дата од-до Област Предавачи

11-15 Феб. 2019 Теоретски дел за Фотоволтаични сончеви системи Предавачи: м-р Горан Паунов (PiKCELL GROUP, KMG-EOL Kvazar)
18-22 Феб. 2019 Теоретски дел за Термални сончеви системи, фото/термал сончеви системи Предавачи: проф. д-р Илија Насов (Камел Солар, Плазма), проф. д-р Сања Поповска-Василевска (Технички факултет-Битола), проф.д-р Славе Арменски ( Машински факултет-Скопје)
25 Феб.- 1 Март 2019 Пракса Фотоволтаични системи + Термални системи Предавачи: дипл.маш.инж Зоран Трајков (Еко Солар)-сертифициран инструктор според занаетчиската комора Кобленц, Германија придружен со тројца мајсотри со над 13 години искуство во полето на соларната техника.
Теоретската настава х. Александар Сквер,Скопје Центар.Салата ќе биде опремена со експонати од самите обучувачи (фотоволтаици, инвертори, мерна опрема, термални колектори, хибридни колектори).Сместување во хотелот, на база ноќевање со појадок и вечера.
Практичната настава ќе се одвива во Еко Солар Штип. Смесување во х. Изгрев, на база ноќевање со појадок и вечера.
  • Вредност на целокупна обука по кандидат: 204 $-10759 денари (за членови на Солар Македонија).Обуката содржи: 10 дена теоретски предавања, 5 дена пракса, сместување во хотел, прирачник за Фотоволтаик 250 страни напишан од самите предавачи, прирачник за сончеви термални системи-200 страни напишан од самите предавачи; сала и алати за обуки; подршка од искусни мајстори и инженери; сертификат за обуката)
  • Вредност на обука само за Теорија и пракса за Фотоволтаик по кандидат: 102$-5406 денари. (за членови на Солар Македонија). Обуката содржи: 5 дена предавања теоретски во Скопје; 2,5 дена пракса во Штип; сместување во хотел за 6 ноќи (4 во Скопје, 2 во Штип); прирачник за Фотоволтаик 250 страни, сала за обуки (опремена со експонати од самите обучувчи), користење на мерна опрема; сертификат за обуката.
  • Вредност на обука само за Теорија и пракса за Термални и фото/термал сончеви системи по кандидат: 102 $- 5406денари. (за членови на Солар Македонија). Обуката содржи: 5 дена предавања теоретски во Скопје, 2,5 дена пракса во Штип; сместување во хотел за 6 ноќи (4 во Скопје и 2 во Штип); прирачник за Солар термални системи 200 страни; сала за обуки; користење на мерна опрема; сертификат за обуката.
  • Вредност на обука само пракса по кандидат: 70$-3710 денари (за членови на Солар Македонија) Обуката содржи 5 дена пракса, сместување во хотел за 4 ноќи, сала и алати за обуки, подршка од искусни мајстори и предавачи; сертификат за обуката.
  • Вредност на обука само теоретски дел за фотоволтаик по кандидат: 70$-3710 денари (за членови на Солар Македонија). Обуката содржи 5 дена теоретска обука, сместување во хотел за 4 ноќи, сала и алати за обука; сертификат од обука; прирачници за фотоволтаични системи 250 страни напишани од самите обучувачи.
  • Вредност на обука само теоретски дел за термални и фото/термал сончеви системи по кандидат 70$- 3710 денари (за членови на Солар Македонија). Обуката содржи 5 дена теоретска обука, сместување во хотел за 4 ноќи, сала и алати за обука; сертификат од обука; прирачник за термални системи 200 страни напишан од самите обучувачи. *Доколку на кандидатот не му е потребно сместување од цената на обуката се намалува за 15$ или 795 денари.

Најавени се и кратки презентации на претставници компаниите со цел да се зголеми практичното изкуство на самите кандидати, Имињата на претставнциите и компаниите ќе бидат објавени дополнително.

Вредноста на членарината зависи од големината на субјектот. Види во полето ЧЛЕНСТВО И ЧЛАНАРИНИ

Напомена: Бројот на места е ограничен.

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте го координаторот на проектот дипл.маш.инж Трајков Стефан на 078317902 или e-mail: trajkov-stefan@live.com

Алицирајте на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSflBotQeLRtDYwlFzVUpyIsyuVoc68Eh7E52ViCGhk564tKEQ/viewform?vc=0&c=0&w=145WIQJjA0k

Views: 13

Sharing is caring!