На најголемиот саем за соларна техника во Европа „Интер Солар“ кој се одржуваше во период од 15– 17мај 2019 година во Минхен, Германија, во организација на Солар Македонија, присуствуваше и делегација од Република Северна Македонија, составена од 10-тина претставници од компании од соларниот сектор.
Посетата беше организирана со цел да им овозможиме на нашите членки да го посетат најголемиот саем во Европа, како и да ги запознаат последните новини поврзани со енергетскиот бизнис секторот. На саемот во Минхен, секоја година има најмалку 1000 излагачи и преку 50.000 посетители.
На барање на членовите беа реализирани B2B средби со компании кои настапуваа на саемот
Една од нив беше со компанијата Бисол од Словенија, претпријатие што има долгорочно искуство во полето на производство и монтажа на фотоволтаични во повеќе од 70 земји низ светот. Во продолжение од посетата беа остварени средби со соларната асоцијација на Турција, Австралија и Германија со цел да се отвори широко поле за понатамошна сорабока.
Оваа посета е уште една потврда дека мисијата на Солар Македонија е поддршка на нејзните членки, со цел да бидат во тек со најновите технологии и практики во соларниот бизнис.