Вие сте во:Дома / Новости / Македонската Соларна Асоцијација го најавува престојниот саем за соларна техника МАКСОЛ ЕКСПО 2024
Македонската Соларна Асоцијација го најавува престојниот саем за соларна техника МАКСОЛ ЕКСПО 2024
Тимот на Македонската Соларна Асоцијација го најавува третиот по ред Годишен „СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО”од отворен тип, во периодот од 31.05-02.06.2024 во Скопје Сити Мол со над 90 % резервирани локации за излагачи !
За време на соларниот саем “МАКСОЛ ЕКСПО” нашите компании-членки ќе ги изложуваат сите своите најнови производи со цел домаќинствата, инвеститорите, проектантите и монтажерите да ги увидат најновите трендови на едно место. Дополнително во рамките на самиот проект е подготвена и B2B платформа каде ќе може да закажете состаноци со самите излагачи. Следете не со претставување на секој излагач и сите информации за кои се производи/услуги ги нудат.