Промотивно видео МАКСОЛ ЕКСПО

Дали сте спремни за третиот по ред соларен саем МАКСОЛ ЕКСПО ? Соларен саем во „Скопје Сити мол“ од 31.05 до 02.06.2024!
Дознајте ги сите информации за најновите технологии: фотонапонски панели , батериски системи, топлински пумпи, фото/термални колектори, трафостаници, громобранска заштита, инвертори, соларни сушари, полначи за електрични возила и многу друго !
На едно место ќе ги сретнете домашните и странски производители, трговци, инвеститори, организации, поддржувачи на употреба на обновливи извори на енергија и експерти од соларниот сектор со цел да ги споделат своите најефикасни решенија, искуства, стратегии и иновативни трендови. Во следниот период ќе следи најава на сите домашни и странски излагачи како и платформа преку која ќе може да закажете B2B состанок компаниите кои ќе бидат дел од саемот.
Соларниот саем МАКСОЛ ЕКСПО е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подобрување на вештините за сончева енергија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Strategic Development Consulting.
Views: 2

Sharing is caring!