Интер Солар за 2020 година е откажан, компаниите членки се согласија да настапат во 2021

Интер Солар за 2020 година е откажан, компаниите членки се согласија да настапат во 2021

Најголемиот саем за соларна техника поради ситуацијата со корона вирусот оваа година е откажан. Интер Солар понуди опција да уплатените средства за штанд ги валидираат за наредната година. По координативниот состанок на компаниите кои треба да настапат беше одлучено да се настапи во 2021 година од 9 до 11Јуни.

Целото известување за откажување на саемот може да го проследите на следниот линк https://www.intersolar.de/en/news-press/for-journalists/press-releases/press-release/the-smarter-e-europe-is-canceled-3870

Компаниите во меѓувреме го дефинираат излгедот и распоредот на штандот за наредната година.

Четири компании од соларниот сектор на Северна Македонија треба да настапат на овој саем:

  1. Пиксел- производител на фотоволтаични панели
  2. Камел Солар-Производител на термални и фото/термални сончеви колектори
  3. Еко Солар- Производител на соларни сушари
  4. Сун Смарт Соларни Системи- Производители на инвертор

Sharing is caring!