Повеќенаменски сончев уред за земјоделци

Повеќенаменски сончев уред за земјоделци

Сточарите често се преместуваат од една на друга локација заедно со овците. Тие преку ден имаат потреба за вода за пиење на стоката, а навечер потреба од осветлување. За ова е потребно електрична енергија во рурална област. Фотонапонските сончевите системи за добивање електрична енергија, кои се нудат на пазарот се скапи и фиксирани за некоја локација (покрив). Најефтин фотонапонски систем e околу 600 евра со монтажа. Доколку истиот е фиксно монтиран на кров или на поле во рурална област, тој е мета на крадци и оштетувања. Понатаму, ако на сточарот му треба вода за пиење на стоката на друга локација, тој не може да премести фиксно монтиран сончев систем за струја од една локација на друга. Тој нема доволно техничко знаење за демонтажа/монтража на фотонапонски сончев систем.

Проблем:
1. Овците имаат потреба од вода за пиење во руралните средини. Нивото на под-почвената вода во летните месеци паѓа. Нема вода за пиење на стоката. Потребноа е пумпа со мал проток за да црпи вода од пониските слоеви. Пумпа ќе се најде, но во руралните области нема електрична енергија. Потребен е мобилен сончев систем кој “ќе дојде” до овците и ќе даде струја за пумпата.
2. Сточарите често се преместуваат од една локација на друга. Ако се постави фиксен фотонапонски соларен систем на прва локација, истиот ќе треба да се демонтира/монтира на друга локација. Сточарите немаат техничко знање за ова.
3. Сегашната понуда од конкуренцијата се единствено фиксно монтирани сончеви фотонапонски уреди на кров. Таков систем оставен сам во рурална средина е мета на крадци. Тие го оштетуваат. Пазарот бара подвижен фотонапонски уред, кој е близу до сопственикот.
4. Ако некој фотонапонски сончев систем од конкуренцијата се расипе, ретко кој сервисер ќе сака да дојде во планина да го поправи, затоа што ќе загуби многу време и пат. Доколку фотонапонскиот уред е мал и подвижен, сточарот сам ќе го донесе до сервис во градот и ќе го врати назад во планината.
Соцјален проблем
5. Соцјалниот живот на сточарите е многу слаб. Во моментот имаат само осветлување во со мали ЛЕД батерии. Платите на сточарите се околу 30.000 ден./месечно, но ретко кој ја прифаќа оваа работа. Една од причините е изолираноста од надворешниот свет. Тие навечер сакаат да се одморат покрај телевизор. Младите сточари користат компјутер. Потребно е електрична енергија, која во руралните области ја нема.
6. Голем број на семејства во рурални области кои не се приклучени на системот на ЕСМ ЕВН. Тие имаат потреба од електрична енергија. Потребен е модуларен фотонапонски уред за осветлување, телевизија, мал фрижидер или за мобилен телефон.
7. Огромна количина органски плодови се скапува по планините. На пазарот се нудат плодови полни со пестициди. Тие се канцерогени.
На есен, во сончев ден, семејствата од рурална област можат да сушат органски плодови за нивни потреби. Уредот ќе овозможува нискотемпературно сушење на плодови до 5 кг/ден, во затворен простор, заштитен од инсекти и прашина со обновлива енергија.

Иновацијата е повеќенаменски сончев систем (нов производ), наменет за фармери или фамилии во рурални области. Истиот e едноставен за ракување, лесен за преместување од една на друга локација .
Конкуренцијата, за решавање на проблемот со електрична енергија во рурална средина нуди фиксни фотонапонски сончеви системи. Ако сопственикот не е во близина, тогаш сончевиот систем е мета на крадци. Ние нудиме решение за овој предизвик со повеќенаменски сончев систем кој е лесно подвижен (мобилен).
Уредот нуди уникатна можност за поставување на акумулаторите во термички изолирана комора. Ова има позитивen ефект во одржувањето на неговиот капацитет. Акумулаторот функционира брз основ на хемиски реакции. Во ладно време на -20 ºC хемикалиите не можат да реагираат толку брзо како на +5 ºC. Ладен акумулатор се уште може да биде добар, но ја нема иста моќ како акумулатор на 10 ºC. Топлината ги забрзува и подобрува хемиските реакции.
Од друга страна, премогу топол акумулатор доведува до самопразнење. Во лето е потребно ладење на акумулаторот. Со цел да се надминат негативните ефекти од екстремно ладни и топли температури, акумулаторите ќе бидат поставени во термички изолирана комора. Tоа ги намалува ефектите од температурните промени. Во рурални области (на планините) секогаш имаме големи варијации на температурите во зима и лето, преку ден и ноќ.

 

Во него има место да се додадат внатре уште 2 акумулатори и да се додат надвор уште 2 фотонапонски панели (на додатна конструкција). Во тој случај имаме инсталирана снага на PV панелите од 1*130 W +2*260W=650 W. Инверторот е 1500 W, (220V; 50Hz)
Оваа варијанта може да задоволи да работат неколку сијалици, мал фрижидер, мала пумпа за вода полнач на мобилен и ЛАП ТОП Комјутер.

ТЕРМО-Б СИСТЕМ дооел Струмица има основна дејност монтажа на соларни системи, греење и климатизација. Новиот производ се вклопува со основната дејност

Views: 7

Sharing is caring!