„ИННОФИН – Иновативен финансиски модел за поддршка на транзицијата кон обновливи извори на енергија

„ИННОФИН – Иновативен финансиски модел за поддршка на транзицијата кон обновливи извори на енергија

Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Промоцијата се одржа денеска, при што градоначалникот Александар Георгиевски заедно со претставнциите од Смарт Ап, Асоцијацијата Солар Македонија, ги презентираа добиените резултати.

-Преку овој прв прототип на комбиниран систем на соларни и термални панели поставени на кровот на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден, се ориентираме кон подобро утре, оставајќи пример на најмалите. Навистина се радувме што можеме да придонесеме во заштеда и намалување на трошоците за електрична енергија, преку проектот „ИНОФИН“. Со поставување на панелите во склоп на оваа градинка, помагаме при делумно снабдување на електрична енергија потребна и при затоплување на водата. Некогаш малку, за некој значи многу. Чекор по чекор, заеднички се надеваме дека ќе успееме да ги подобриме изворите на електрична енергија и да ја заштитиме природата и идните генерации, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК, Асоцијацијата Солар Македонија, Коримако, Советот за енергетика на островот Гран Канарија и Општина Илинден, успешно спроведетри работилници на кои се разменија добри практики од имплементирање на финансиски модел за колективно финансирање при транзиција на заедниците кон обновливи извори на енергија и се креираа предлог финансиски модели дизајнирани во согласност со регулативите на нашата држава и иако во краток рок, успеавме да го обезбедиме и првиот протототип.

-Сакаме преку поставувањето на овој прототип, да им покажеме на институциите дека преку партиципативен пристап со учество од сите засегнати страни може да произлезат иновативни решенија кои се применливи на локално, микро ниво. Заедно може да се постигнат многу поголеми резултати кои ќе дадат одличен пример на младите, изјавија од Асоцијација Солар Македонија ИноФин – Иновативниот финансиски модел за поддршка на транзицијата кон обновливи извори на енергија е проект имплементиран од страна на невладината организација, СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК (Лабораторија за иновации за клима Крижевци / Krizevacki Laboratorij za Inovacija za Klimu, Хрватска), Асоцијација Солар Македонија, Коримако (Словенија), Советот за енергетика на островот Гран Канарија (Consejo Insular De La Energía De Gran Canaria) и општина Илинден.

Views: 22

Sharing is caring!