Состанок Македонска Соларна Асоцијација- Министерство за Земјоделство, водостопанство и шумарство

Состанок Македонска Соларна Асоцијација- Министерство за Земјоделство, водостопанство и шумарство

Македонската Соларна Асоцијација оддржа работен состанок со министерот за земјоделие, г-дин Љупчо Николовски и претставници од неговиот кабинет. Беа презентирани сите тековни активности и проекти кои ги има асоцијациајта со акцент на примена на обновливите извори на енергија во земјоделството.

Дополнително беа дискутирани активните повици за субвенционирање на земјоделска механизација како и разгледана опцијата да Соларната Асоцијација стане социјален партнер на Министерството за Земјоделие.

Во рамките на проектот ” Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени” ќе бидат подготовени позициони документи во соработка со нашиот партнер Агро Лидер со цел зголемена примена на сончевата енергија, а со тоа и енергетска ефикасност во производните или преработувачките процеси.

За таа цел ќе бидат организирани и средби помеѓу членки на асоцијацијата како со членките на Агро Лидер во Прилеп, со цел запознавање на соларната техника што ја нудат нашите членки и нејзина примена во земјоделието. Во прилог се неколку слики од производи кои би можеле да се користат во земјоделството.

Слика 1. Мобилна фотонапонска единица

 

Слика 2. Соларна сушара за овошје и зеленчук

Слика 3. Примена на сончеви термални, фотоволтаични или фото/термални системи

Во Струмица во соработка со нашиот парнтер ” Избор ” ќе биде инсталиран 6kW фотонапонски системи со цел намалување на сметките за електрична енергија за органското производство и сушење на нивните земјоделски продукти.

Активностите се поддржани од Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ кој го реализираат Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

 

Views: 16

Sharing is caring!