СОЛАР МАКЕДОНИЈА ВЕРИФИЦИРАШЕ ДВЕ НОВИ ОБУКИ ПРИ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

СОЛАР МАКЕДОНИЈА ВЕРИФИЦИРАШЕ ДВЕ НОВИ ОБУКИ ПРИ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

Македонската соларна асоцијација во рамките на проектот “Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобрри работни места” поддржан од УНДП поднесе иницијативи за формирање на два нови стандарди на занимања. Стандардите беа формирани према потребните на приватниот сектор.

1.МОНТЕР, ИНСТАЛАТЕР И ОПСЛУЖУВАЧ НА ХИБРИДНИ ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ ЗА ТОПЛА ВОДА И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

  1. МОНТЕР, ИНСТАЛАТЕР И ОПСЛУЖУВАЧ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

 

Работната група која ги формираше овие два стандарди беше составена од преставници од приватниот сектор и образовната фела.

По формирањето на двата нови стандарди се одржаа две воведни обуки за монтажа, димензионирање и сервис на соларни системи во сорабтока со најголемите домашни и соларни експерти од Словенија. На овие воведни работни сесии имавме вкупно 40 присутни.

Врз основа на претходно формираните стандарди на занимања, Солар Македонија верифицираше две нови програми и по втор пат го верифицираше тренинг центарот.

По завршувањето на овие две воведни обуки, во соработка со FUTURE SKILLS CENTER во Тетово и со поддршка од УНДП Солар Македонија ја продолжува соработка и ќе одржи целосна обука за димензионирање, монтажа и сервис на соларни. За подетални информации слободно контактирајте не на info@solar.org.mk

 

 

Views: 12

Sharing is caring!