Известување за медиумите од првата обука за соларни системи

Искористувањето на сончевата енергија ќе е еден од водечките бизниси во оваа година, прогнозираат добро упатените од оваа сфера…

Едноставно, ова е бизнис на иднината, и затоа верувам дека многу број на млади ќе се вклучат во овој бизнис. На секој ќе му биде пријатно да каже дека работи во соларниот бизнис, отколку во друг производствен сектор, прогнозира Зоран Трајков – Еко Солар Штип. Се работи доста на лобирање за комплетирање на неопходната законска регулатива, за да фирмите кои функционираат во сектор да можат подобро и побрзо да се развиваат. Досегашното искуство од употребата на таканаречените термални колектори, чија заштеда се движи и до 25 отсто во сметката за потрошена електрична енергија, новиот тип, таканаречените фотоволтаични соларни панели го зголемуваат процентот на заштеда на потрошувачка на струја, особено во бизнис секторот. Една фотоволтаична централа од класата Премиум, може да ја врати инвестицијата во зависност од условите, локација, интензитет на сончева активност во период од седум до девет години, изјави Илија Насов – претседател на здружението “Солар Македонија”. Токму затоа, интензивирани се обуките на младите, заинтересирани професионалниот ангажман да го практицираат во оваа стопанска гранка. Еден од нив е и штипски Еко Солар. Со финансиска подршка на УСАИД, ја финализира обуката на 20 млади идни произведувачи и монтери на фотоволтаични соларни панели.

Views: 4

Sharing is caring!