Инфо сесија за тековна обука-Изведувачи на системи со обновливи извори на енергија

Инфо сесија за тековна обука-Изведувачи на системи со обновливи извори на енергија

Македонската Соларна Асоцијација оддржа инфо сесија на 19.03.2022 во South East European University – Maps and Directions (seeu.edu.mk) за кандидатите кои изразија интерес за присуство на тековната обука. Тренингот е организиран во рамките на Future Skills Center https://skills4future.mk/mk/.

За време на обуката беа презентирани кои се теми ќе бидат обработени на теоретскиот и практичниот дел од обуката. Дополнително во согласност со обучувачите и кандидатите беа договорени термините според кои ќе се врши понатамошниот тек на обуката. Предвидени се презентации на реални проекти, посета на фотоволтаични централи и реално поврзување на соларни системи за време на практичниот дел.

По завршување на обуката секој кандидат полага стручен испит со цел да се стекне со сертификат што е признат од Министерство за Образование и Центар за Образование на возрасни.

За дополнителни информации контактирајте не на info@solar.org.mk

Sharing is caring!