Енергетска платформа

Енергетска платформа

Со големо задоволство ви ја најавуваме новата веб платформа за енергетска ефикасност https://solar.org.mk/platform/ Платформата ги промовира обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност и претставува релевантен извор на информации со цел да помогне во унапредувањето на овие сектори.
Платформата нуди:
– Листа и мапа на компании, индивидуалци и монтажери кои работат во областа на сончевата енергија и енергетската ефикасност. На овој начин се добива слика за тоа кој се работи во секторот, кои услуги ги нуди и во кој регион. Со тоа се олеснува поврзувањето помеѓу давателите и корисниците на услугите;
-Информации за повици и грантови, можности за финансирање;
-Претстојни настани, обуки, работилници поврзани со сончевиот сектор и енергетската ефикасност;
-Oгласи за вработување – компаниите можат овде да ги објават своите повици за вработување, а оние кои бараат работа во секторот на обновливи избори на енергија и енергетска ефикасност да најдат соодветен оглас и компанијa
-Информации за важни стандарди при инсталирање на сончеви системи како и стандарди и сертификати за сончевата опрема;
-Информации за нови технологии, актуелни содржини и новости;
-Место за пријавување на успешни приказни
-Едукативни ресурси и калкулатори;
-Можност за закуп на маркетинг позиција.
Платформата е дел од проектот „Подигање на европските стандарди кај ММСП кои работат со соларна технологија“ кој го спроведува Македонската соларна асоцијација Солар Македонија. Истиот се спроведува со грантова поддршка на USAID проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.
Views: 66

Sharing is caring!