ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ-МОНТАЖЕРИ НА КОМБИНИРАНИ СОНЧЕВИ СИСТЕМИ

ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ-МОНТАЖЕРИ НА КОМБИНИРАНИ СОНЧЕВИ СИСТЕМИ

Со големо задоволство ви соопштуваме дека успешно заврши петтата по ред Обука за монтери на сончеви системи. Во овогодинешната обука фокусот беше ставен на комбинираните сончеви системи. Обуката траеше 2 и пол месеци по што учесниците полагаа теоретски и практичен испит. На 17.04.2024 беа доделени сертификатите на учесниците на обуката. Им благодариме на предавачите кои беа дел од обуката и на имплементаторите на проектот. Исто така им честитаме на учесниците кои покажаа исклучителен труд и посветеност и им посакуваме успех во секторот на обновливи извори на енергија.
Обуката беше поддржана во рамки на проектот на USAID North Macedonia„Активност за јакнење на деловниот екосистем” имплементиран од Strategic Development Consulting.
Views: 18

Sharing is caring!