АЛБУМ СО СЛИКИ ОД СОЛАРЕН САЕМ 2023

АЛБУМ СО СЛИКИ ОД СОЛАРЕН САЕМ 2023

„Македонската соларна асоцијација – СОЛАР Македонија“ во Септември 2023 го одржа вториот по ред Годишен Соларен Саем. Во просториите на Скопје Сити Мол, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со иновативните соларни системи и да ги дознаат сите информации поврзани со регулативите, сертификатите и потребната опрема за нивната инсталација.

Бројката од над 20 изложувачи и преку 80 000 посетители е доволен показател за подготвеноста на нашето општество да ја започне транзицијата кон обновливите извори на енергија и севкупната зелена транзиција.

Посетителите на Годишниот Соларен Саем имаа можност одблизу да се запознаат со различните видови соларна опрема: фотонапонски системи, термални системи, фото/термални системи, термичка фасада, енергетско ефикасни прозорци и топлински пумпи. Исто така, можеа да се информираат и за различните видови достапни субвенции со цел полесна транзиција кон обновливите енергетски системи.

Фотографиите од Саемот може да ги погледнете на следниве линкови:

Ден број 1 (15.09.2023)
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.701645751991539&type=3

Ден број 2 (16.09.2023)
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.701677028655078&type=3

Ден број 3 (17.09.2023)
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.701676898655091&type=3

Views: 73

Sharing is caring!