RENEWABLE ENERGY MAKING-B2B ONLINE MEETINGS

RENEWABLE ENERGY MAKING-B2B ONLINE MEETINGS

Македонската Соларна Асоцијација – Солар Македонија, во соработка со Друштвото на македонски и словенечки стопанственици, Spirit Slovenia, Министерството за економија, туризам и спорт на Словенија и Стопанската комора на Словенија, организира онлајн настан за поврзување и развој на бизнис можности помеѓу словенечки и македонски компании од енергетскиот сектор. Настанот ќе се одржи на 24 ноември 2025 година, со почеток во 10 часот.
Овој настан произлегува од потпишаниот меморандум за соработка меѓу Солар Македонија и Друштвото на македонски и словенечки стопанственици, склучен за време на 4-тата Годишна Соларна конференција на 24 септември 2025 година.
Доколку сте заинтересирани да ја проширите вашата дејност на словенечкиот или македонскиот пазар, да ја претставите вашата компанија или едноставно да се запознаете со можностите и партнерите од двете земји, ве покануваме да го потврдите вашето учество со одговор на овој мејл.
Настанот е наменет за компании кои работат во областа на соларните системи (фотоволтаични, термални и фото-термални), батериски системи, бојлери, монтажни конструкции, системи за греење, ладење и климатизација, топлински пумпи, како и сите придружни компоненти поврзани со соларната енергетика.
За поефикасна организација, Ве молиме да испратите потврда за присуство или да наведете доколку сакате да ја презентирате вашата компанија и можностите за проширување на соработката во Словенија. Линк за регистрација: https://mailchi.mp/61e0ff64c7c3/w8yw6r5s71
Views: 9

Sharing is caring!