За време на викендот 6-7.4.2024 се реализираше Обуката за европски и домашни фондови. Учесниците имаа можност да слушнат и да се запознаат со процесот на аплицирање на низа можности за финансирање.
Олимпија Христова Заевска зборуваше за државно финансирање – Закон за финансиска поддршка на инвестиции, ФИТР, Развојна Банка на Република Северна Македонија, како и за пристап до зелено финансирање од меѓународни фондови – ЕБОР, Светска Банка, Европска Инвестициска Банка.
Проф. Анка Петкоска Трајковска претстави различни програми за поддршка и финансирање на развојни/истражувачки проекти од различни области (Хоризонт Европа, ФИТР, ЕИТ, ИПА…) и не запозна со процесот на аплицирање, додека проф. Илија Насов го комплетираше предавањето споделувајќи инспиративни искуства од патот до добивање на овие финансии.
Во наредниот период учесниците ќе продолжат со индивидуални консултации кај предавачите кои ќе им даваат насоки за нивни успешни апликации и пристап до наведените фондови.
Горди сме што предавањата беа одржани од експерти со високи квалификации и богато искуство, а учество на обуката зедоа квалитетни и перспективни домашни компании кои се насочени кон одржлив развој, а воедно наши членки.
Обуката за европски и домашни фондови е поддржана во рамките на проектот на USAID North Macedonia „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Strategic Development Consulting.
Views: 22