Почитувани
Со поддршка на странски донатор, здружението Солар Македонија, за своите членови, е во процес на организирање на заедничка посета на саемот ИНТЕРСОЛАР кој ќе се одржи во периодот од 15-ти до 17-ти мај 2019 година во Минхен. Посетата на овој саем претставува одлична можност за македонските компании да се запознаат со новите технологии и иновации и да направат нови деловни контакти. На саемот ќе биде организирана и B2B средба со потенцијални клиенти и добавувачи. Повеќе информации за овој саем можете да најдете на следниот линк: https://www.intersolar.de/en/home.html
Покриени се трошоците за:
- Смесување за четири ноќи во периодот од 13.05-17.05.2019
- Влезници во саем за сите три дена
- Организирање на B2B средби со потенцијални партнери
Од компаниите кои ќе земат учество во оваа активност, се очекува самите да ја платат авионската карта и аеродромските такси. Заради обезбедување поатрактивна цена за авионските карти, Здружението разгледува можност за заедничка набавка на авионските карти за сите членови кои ќе учествуваат на овој настан. Доколку постои интерес за ова, се повикуваат заинтересираните компании во пријавата да нагласат дека сакаат да учествуваат во заедничката набавка на авионските карти. Се прават и дополнителни напори да бидат организирани средства за транспорт од хотелот до саемот.
Повеќе информации за настанот може да се најдат на веб страната на здружението: www.solar.org.mk
Заинтересираните компании можат да се пријават на следниот линк: (link) или да испратат e-mail до здружението на следната e-mail адреса: trajkov-stefan@live.com; ilija.nasov@yahoo.com најдоцна до 20.02.2019
Услови кои компаниите треба да ги задоволат за да можат да ја добијат оваа поддршка од Солар Македонија се:
- Да се активни членови на здружението, односно да имаат платено членарина за 2019 година според ценовникот за членарини објавен на веб страната на здружението (solar.org.mk),
- Да уплатат износ од 2900 денари котизација за учество во оваа активност,
- Да потпишат изјава за прифаќање на условите на поддршката