ОБУКА СО ВКЛУЧЕНА ЛИЦЕНЦА НА ТРАНСИС (СОФТВЕР ЗА ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ И ОПТИМИЗАЦИЈА НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ)

ОБУКА СО ВКЛУЧЕНА ЛИЦЕНЦА НА ТРАНСИС (СОФТВЕР ЗА ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ И ОПТИМИЗАЦИЈА НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ)

Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ по
низа обуки за инсталирање соларни системи и димензионирање на соларни
системи, објавува повик за Набавка и Обука на TRNSYS софтвер и обука за проектанти на термални, фотоволтаични и фото/термални соларни системи.

По успешната набавка во 2020 на ПВ-СОЛ ПРЕМИУМ ( димензионирање на фотоволтаични системи), Т-СОЛ (димензионирање на термални системи) И ГЕО*Т СОЛ (димензионирање на топлински пумпи) ја надоградуваме нашата визија во унапредување на квалитетот во делот на димензионирање и оптимирање на соларни системи преку Софтверот TRNSYS кои имаширок опсег на корисници ширум светот што опфаќа од истражувачи до консултанти, од инженери до експерти за симулација на градежни објекти и од студенти до архитекти. Пријавувањето и повеќе информации за можностите на софтверот ги има на следниот линк. https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdlypteEfR…/viewform… Набавката и обуката за TRNSYS софтверот е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подобрување на вештините за сончева енергија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој

Views: 3

Sharing is caring!