ГОДИШНА СОЛАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА 19.09.2024

ГОДИШНА СОЛАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА 19.09.2024

Со голема чест и задоволство ве информираме за третата по ред годишина соларна конференција во организација на Македонската Соларна Асоцијација и со поддршка на KEY- The Energy Transition Expo ќе се реализира на 19.09.2024 !
Годишната соларна конференција организирана од Македонската Соларна Асоцијација е место кое ги поврзува домашни производители, трговци, монтажери и експерти од соларниот сектор со цел да ги споделат своите најефикасни решенија, искуства, стратегии и иновативни трендови.
Солар Македонија брои над 120 членки и е верифициран тренинг центар за соларни монтажери, организатор на годишниот соларен саем МАКСОЛ ЕКСПО, држи обуки за проектанти користејќи лиценцирани софтвери, застапување и лобирање за членки како и меѓусебно поврзување со цел поголема соработка.
На конференцијата ќе бидат презентирани и стратешките партнерства со ENERGY KEY EXPO како и INTER SOLAR за субвенционирана посета на саем како дел од бизнис делегација на Македонската Соларна Асоцијација како и презентација за излагање на ENERY KEY за домашните производители на соларна опрема.
Акцент ќе се даде и на актуелните повици за поддршка на микро, мали и средни претпријатија кои работат во соларниот сектор.
Нашите домашни и интернационални панелисти ќе ги отворат актуелните теми, добрите практики како и понатамошните планови за инвестиции во енергетскиот сектор.
Со плаќање на годишната членарина стекнувате право да бесплатно да присуствувате на овој и дополнителни поволности при следни настани/обуки/саеми/конференции во рамките на Македонската Соларна Асоцијација.
Искористете го промотивниот период за зачленување и добивање влезници за самата конференција.
*сите членки со актива членарина за 2024 добиваат влезници според табелата објавена на https://solar.org.mk/clenki/
Место: Скопје
Датум: 19.09.2024
Пријавувањата за настанот се вршат на следниот линк.
Промотивно видео од последната годишна соларна конференција може да пронајдете на следниот линк
Пакетите на членство може да ги пронајдете на www.solar.org.mk
Views: 129

Sharing is caring!