Во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Солар Македонија во соработка со Solar Design Company организираше онлајн обука за користење на софтверите PV-SOL, Geo T-SOL и T-SOL.
Нашите членки имаа прилика да бидат обучени од страна на Chris Laughton кој воедно е и директор на компанијата Solar Design Company. Обуката беше поделена на три модули и траеше 7 дена.
Беа разгледани практични примери за димензионирање на соларни системи во Македонија и дополнително објаснети најдобрите практики во Англија.
Доколку сакате да бидете известени за следната обука која ќе ја организираме од овој тип, ве молиме контактирајте не на info@solar.org.mk со ТЕКСТ:
РЕЗЕРВАЦИЈА НА МЕСТО ЗА ОБУКА ЗА СОФТВЕРИ
Views: 10