СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ-ОБУКА ЗА СОЛАРНИ МОНТАЖЕРИ ЕБРД

СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ-ОБУКА ЗА СОЛАРНИ МОНТАЖЕРИ ЕБРД

Македонската Соларна Асоцијација Солар Македонија ги додели сертификатите на соларните монтажери кои успешно ја завршија обуката на завршната церемонија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Вкупно 27 кандидати кои успешно ја завршија обуката за комбинирани соларни системи добија сертификати, верифицирани од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование.
Оваа иницијатива, започната во 2019 година, претставува еден од клучните напори на асоцијацијата за подигнување на квалитетот на работа во секторот, развиена во тесна соработка со членовите. Сертификатите беа доделени од претседателот на асоцијацијата, проф. Илија Насов, заедно со обучувачите, проектните партнери и соработниците: проф.Димитар Димитров, проф.Славе Арменски, Стефан Трајков, Христијан Мирчевски, Иле Бонев, Филип Заевски, Радица Каширска Рунтевска и Ирина Аврамска.Благодарност и до сите останати обучувачи кои беа дел од обуката.
Програмата, насочена кон зајакнување на експертизата и компетенциите на вработените во АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија), беше имплементирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка од Јапонскиот фонд за техничка соработка и Bloomberg Philanthropies. Повеќе од 600 вработени имаа корист од специјализирани обуки во области од суштинско значење за праведна, инклузивна и одржлива енергетска транзиција, зајакнувајќи ја институционалната подготвеност на АД ЕСМ за идните предизвици во енергетскиот сектор.
Церемонијата беше дополнително збогатена со присуството и инспиративните обраќања, како и личното учество во доделувањето сертификати од:
Сања Божиновска, министер за енергетика, рударство и минерални ресурси
Фатих Туркменоглу, директор на ЕБОР за Северна Македонија
Реџеп Асани, заменик директор на ЕСМ
Стефан Костовски и Брендан Каран, проектни менаџери во ЕБОР.
Искрено им се заблагодаруваме на сите учесници и обучувачи, чија посветеност и ентузијазам постојано претставуваат извор на инспирација за нашите активности.
Views: 27

Sharing is caring!