Доделени 8 грантови за 8 стопански комори и здруженија меѓу кој и Солар Македонија

Почитувани,

Денеска, 7-ми септември, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем додели едногодишни грантови на осум организации за деловна поддршка, со цел подобрување на постоечките и развивање на нови деловни услуги за кои има висока побарувачка. Осумте организации се: Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопански комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија. Главната цел на Проектот е да се зајакне македонскиот деловен екосистем со комерцијално одржливи деловни услуги кои ќе ги задоволат потребите на пазарот и ќе ја помогнат земјата на патот кон економска самоодржливост.
Во неговиот говор пред присутните, Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез, ја забележа важноста на организациите за деловна поддршка во создавање на поволна бизнис клима. „Компаниите не работат во вакуум. Тие треба да се поврзат, да комуницираат и да соработуваат меѓусебно, но и со пошироката заедница. За среќа, тука во игра влегуваат организациите за деловна поддршка. Ако гледаме на деловниот екосистем како на еден организам, вашите организации се артериите кои ги врзуваат бизнисите и го хранат нивниот раст. Вие сте тука за да им помогнете на компаниите да го направат она што им е тешко да го направат сами – да ги прошират мрежите, да обучат работници, да пристапат до финансии, да го усовременат знаењето и да станат поефикасни“.

Sharing is caring!