Со големо задоволство и чест ве известуваме дека четвртата по ред годишна СОЛАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ќе се одржи на 24.09.2025. На последното или трето по ред издание во 2024 година учествуваа повеќе од 200 лица од над 12 држави и беа претставени 12 панелисти од дома и странство, како и повеќе од 8 комерцијални презентации од водечки домашни и странски компании. Со тоа продолжуваме да ги повруваме сите активни чинители во соларниот сектор и ги информираме нашите членки за сите најнови информации, партнерства, проекти кои се од интерес за компаниите кои работат во енергетскиот сектор.
За повеќе детали во врска со влезниците, можноста за комерцијални презентации на вашата компанија или услуга пред таргетирана публика, организирање на штанд за време на настанот или спонзорски опции, слободно контактирајте нè на долунаведените контакт информации.
info@solar.org.mk ; 078317902
Промотивното видео од последната СОЛАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА во 2024 може да го пронајдете на следниот линк.