ВТОРА ГРУПА НА КАНДИДАТИ ОБУКА ЗА СОЛАРНИ МОНТАЖЕРИ

ВТОРА ГРУПА НА КАНДИДАТИ ОБУКА ЗА СОЛАРНИ МОНТАЖЕРИ

Македонската асоцијација за соларна енергија, Солар Македонија, продолжи со втората група учесници во програмата за обука на соларни инсталатери.
Кандидатите ќе започнат со теоретска настава, по што ќе следи практична обука, а програмата ќе заврши со тестирање.
Ова претставува наша осма група учесници. Досега, повеќе од 100 кандидати успешно ја имаат завршено оваа обука, со што им се помага на поединци и компании да го зајакнат своето знаење, да ја подобрат соработката и подобро да одговорат на потребите на пазарот.
Оваа обука е дел од клучна иницијатива во рамки на АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) насочена кон унапредување на вештините на вработените, која се спроведува со поддршка од ЕБРД и Bloomberg Philanthropies и е координирана во партнерство со конзорциум составен од Македонската асоцијација за соларна енергија – Солар Македонија, Финовејт МК и Елсон Солушнс.
Views: 36

Sharing is caring!