Раководството на Македонската Соларна Асоцијација, Солар Македонија, оддржа координативен состанок со Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини. Асоцијацијата, која обединува повеќе од 120 членови од различни сектори (производители, трговци, проектанти, експерти, монтажери, инвеститори), ја презентираше својата улога и важноста на соработката со министерството за понатамошната енергетска транзиција. Министерката ја истакна важноста на соработката во контекст на развојот на енергетиката во земјата.
Солар Македонија е активно вклучена во Европските работни групи на Solar Heat Europe и Solar key mark асоцијацијата и работи на предлози за субвенционирање на соларни системи, базирани на технички критериуми и стандарди. Асоцијацијата исто така акцентираше на комбинираните RES (Renewable Energy Sources) системи, кои се популарни во Европа, и комбинираат искористување на повеќе обновливи извори на енергија во комбинација со соларната енергија.
Асоцијацијата има големо искуство во подготовка на препораки за изградба на енергетски ефикасни згради, вклучително и Nearly Zero Energy Buildings, што е дел од стратегијата на министерството.
Разговарано беше и за потребата од зголемување на капацитетите за инсталација на фотонапонски системи, како и за подготовка на студии за изградба на Solar District Heating како решение за намалување на аерозагадувањето.
Министерката ги истакна клучните точки на новиот закон за енергетика, како што се можноста за откуп на енергија преку концептот Contract for Differences и складирање на енергија со батериски системи. Таа ги повика претставниците на асоцијацијата да учествуваат во неговото креирање за максимално искористување на обновливите извори на енергија. Претставниците на Солар Македонија ја информираа министерката за своите активности, како што се обуки за соларни монтажери, енергетски пресметки со помош на сотвер и организација на годишни настани, како МАКСОЛ ЕКСПО и соларната конференција.
Асоцијацијата исто така ги нагласи своите стратешки партнерства со Energy Key Expo во Римини, Inter Solar во Минхен и Solar Plaza, што придонесува за интернационализација на своите членови и создавање нови соработки.
На крајот, беше договорено дека Солар Македонија ќе подготви предлози и ќе ги достави до Министерството за енергетика.