ГОДИШНА СОЛАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА 19.09.2024 (ПРОМОТИВНО ВИДЕО)

Беше чест и задоволство да соработуваме со нашите членки, донатори и поддржувачи, споделувајќи заеднички интереси во областа на обновливите извори на енергија каде заедно ја реализиравме третата по ред годишна Соларна Конференција.
Македонската Соларна Асоцијација го нагласи своето стратешко партнерство со значајни саеми за соларна технологија, како што се Intersolar и KEY – The Energy Transition Expo, како и полноправното членство во Solar Heat Europe – ESTIF.
Преку новиот проект DEGREE, поддржан од програмата RECONOMY, нашите членки ќе можат да го подобрат квалитетот на проектирањето користејќи ја алатката RETSCREEN. На конференцијата беа разгледани актуелни теми, вклучувајќи поволности и субвенции за инвестиции во обновливи извори на енергија, нови софтвери за проектирање, и поддршка за компании во соларниот сектор. Овој настан стана познато место за вмрежување и размена на информации во индустријата.
Благодарност и до нашите поддржувачи на настанот USAID North Macedonia преку активноста “Партнерства за економски раст”, спроведена од Паладиум, Battery Evolution, SolaX Power România, KEY- The Energy Transition Expo, АмонРа Енерджи АД, Ecotip green energy – fotovoltaicni sistemi, Pakom Company, RECONOMY, Solar Steelconstruction како и сите членки кои придонесоа да овој настан биде успешен.
Во прилог промотивно видео од самиот настан.
Views: 0

Sharing is caring!