Тимот на Македонската Соларна Асоцијација по огромниот успех во претходните две излагања го организира и третиот по ред Годишен „СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО“ од отворен тип, во периодот од 31.05-02.06.2024 во Скопје Сити Мол .Зголемената енергетска криза и инвестициите во обновливите извори на енергија отвораат широк спектар за работа на сите активни чинители од ова поле. Излагањето е субвенционирано за членки. Како поминавме во 2023 може да видете на следниот албум. https://facebook.com/media/set/?set=a.701645751991539&type=3&wtsid=rdr_0PCQKhN8gBoU9nxVl
👉 За време на Годишниот „СОЛАРЕН САЕМ“ нашите компании-членки ќе ги изложуваат сите своите најнови производи со цел домаќинствата, инвеститорите, проектантите и монтажерите да ги увидат најновите трендови на едно место. Сите излагачи ќе бидат поставени на B2B платформа каде ќе може да примаат барања и закажуваат состаноци како и дополнителни канали за презентација на своите продукти, услуги и експертиза.
➡️ Изразете интерес и резервирајте го вашето место на следниот линк. https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdYfx3xggg5Ju…/viewform Организацијата на саемот е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подобрување на вештините за сончева енергија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Листа на потврдени излагачи

 

  1. ОПТОНИКА СОЛАР/ Адамант Лајтинг Груп
  2. KAЦО ЊУ ЕНЕРЏИ (СИМЕНС)
  3. ЕНЕРГЕТИК
  4. ВДС ПОВЕР
  5. БАТЕРИ ЕВОЛУШН
  6. ТЕРМО СИСТЕМ
  7. СОЛАРИКО
  8. СОЛАРЕС
  9. ТАБ МАК
  10. СУН СМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ
  11. ПОПЕ ХОЛДИНГ
  12. АИРОСД МАКЕДОНИЈА
  13. МЕС РЕЈСИНГ
  14. МЕТАЛТЕРМ
  15. ЕУРОПАВЕР ЕНЕРЏИ
  16. ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ
  17. ЕЛКОН
  18. БЛИЦ ГАРД СИСТЕМИ
  19. МАРЧЕ ТЕРМ
  20. ЕКО ТИП
  21. АДРИАТИКУ-ГРУП
  22. ТЕХНО АУТО
  23. СЕГА СОЛАР
  24. ЕКО СОЛАР
  25. КАМЕЛ СОЛАР

 

 

 

Закажете состаноци со излагачите на следниот линк

Views: 107