Еуротерм

Еуротерм
Еуротерм е компанија која повеќе од 30 години работи во индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC). Дејноста на оваа компанија е поделена на 3 сектори:
Сектор 1: Производство
на иновативни, бафер/бојлери за централно греење и проточно добивање на хигиенска топла вода со кое се избегнува појавата на Легионела бактерија. Резервоарот е изработен со комбинација на пластика и композитни материјали кои нудат гаранција до 30 години, и се обезбедува А+ енергетска ефикасност ( до 60% заштеда на енергија ).
Од палетата на производи ги издвојуваме и сончевите термални колектори по кои сме претпознатливи на домашниот пазар, композитни експанзиони садови и drain back резервоари.
Производите се продаваат под заштитениот македонски бренд „Solarico“ на западно европскиот и домашниот пазар. Нашите иновативни решенија нудат голема поддршка во системот за греење кои не издвојуваат од останатата конкуренција.
Сектор 2: Трговија
со опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација.
Еуротерм има 3 продажни места, во Прилеп, Битола и Скопје и се генерален застапник за AERMEC, ECA, DAB, RADIJATOR, како и директни увозници на BLOWTHERM, ELBI, SOREL, FAF, FRABO, CASALS, ITAP, INTERPLAST и други, со што се осигурува врвен квалитет, силна техничка подршка и комфорт за своите купувачи.
Сектор 3: Проектирање и изведба
на системи за греење, ладење, вентилација и климатизација.
ЕУРОТЕРМ има сопствени лиценцирани инсталатери и инженери проектанти, проектира и реализира комплексни решенија за потребите на индустријата и градежништвото, а кои се базираат на висока енергетска ефикасност, голема заштеда на енергија, брз поврат на почетната инвестиција и заштита на животната средина.