СОЛАРЕС

СОЛАРЕС

Соларес како дел од групацијата ЕКО ИНВЕСТ е компанија за обновлива енергија фокусирана на фотоволтаичниот сектор. Компанијата се труди да остави значаен белег во овој сектор поради стратегијата фокусирана на создавање конкурентни предности, како и начинот на зајакнување на партнерските односи во Maкедонија и надвор од неа.

Компанијата е лиценцирана за изведба на фотонапонски централи, поседуваме
· Лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија
· Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.
Професионализмот на тимот и високиот квалитет на производите кои ги нуди компанијата имаат важна улога во тоа.
SOLARES е генерален и ексклузивен застапник на реномираниот француски производител на соларни модули RECOM, а соработуваме и другите најдобри брендови како HUAWEI, LONGI, CANADIAN SOLAR, TRINA, JINKO.