ВУРТ МАКЕДОНИЈА

ВУРТ МАКЕДОНИЈА

Wurth во Македонија е основан во 1994 година, како дел од Групацијата Wurth од Германија, која е глобален лидер во снабдување на професионалци во областа на монтажата. Во своето портфолио со повеќе од 150.000 артикли, покрај сврзувачки елементи, кои се основата на продажниот асортиман на компанијата, секојдневно ги опслужува своите партнери со широка линија на производи од областа на батериски електричен и рачен алат, апарати за заварување и потрошни материјали, производи за обработка на материјали, техничка хемија, како и опрема за заштита при работа.

Со својот продажен тим од 35 луѓе секојдневно контактира и опслужува повеќе од 5000 купувачи од различни бранши.

Вурт Македонија своите купувачи ги гледа како партнери на кои покрај широк асортиман на производи настојува да им понуди решенија за предизвиците во секојдневното работење. За таа цел постојано ги следи движењата и потребите на пазарот и вложува во техничката компетенција на продажниот тим.