ФИБЕРНЕТ

ФИБЕРНЕТ

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К ДОО Скопје е приватна компанија која на македонскиот пазар постои од 2005-та година.

Основна дејност на компанијата е трговија на големо со телекомуникациска опрема, како и проектирање и изведба на компјутерски и телекомуникациски мрежи, продажба, монтажа и сервисирање на уреди за непрекинато напојување како и дизел електрични агрегати, изведба на електрични инсталации, видео надзор, противпожарни системи, панично осветлување и друго…

ФИБЕРНЕТ проширувајќи ја својата дејност низ годините наназад се насочи и кон имплементација на соларни панели и фотоволтаични (PV) системи, овозможувајќи им брз и лесен преод на големите компании и индустрии кон зелената енергија.

ФИБЕРНЕТ ексклузивно ги нуди панелите на Jinko Solar во комбинација со инвертерите на SolarEdge – победничка комбинација позната по своите перформанси. Со најнапредната технологија и извонредна ефикасност, овие производи гарантираат дека Вашата соларна инсталација ќе работи најдобро, осигурувајќи значителни заштеди во иднина.

Во ФИБЕРНЕТ, ние сме повеќе од само инсталатери на соларни панели, ние сме вашите енергетски партнери, затоа контактирајте не и започнете го процесот на зелена трансформација на Вашиот бизнис!

Инаку во моментов компанијата брои околу 100 искусни и стручни вработени лица групирани во различни сектори.