Оптоника Солар

Оптоника Солар
ОПТОНИКА СОЛАР/ Адамант Лајтинг Груп ДОО e компанија која повеќе од 12 гoдини работи во индустријата за лед осветлување и соларни производи Дејноста на оваа компанија е поделена на 3 сектори: производство, трговија и проектирање и изведба.
• Компанијата произведува висококвалитетно лед осветлување и палета на соларни производи. Производите се продаваат под заштитениот бренд „OPTONICA“ на европскиот и домашниот пазар, со што Адамант Лајтинг Груп ДОО сериозно ја зголемува палетата на еколошки производи, кои придонесуваат во заштитата на животната средина.
• Во секторот трговија опфаќа опрема за лед осветлување и фотоволтаични производи. Адамант Лајтинг Груп ДОО има 1 продажен салон, во Скопје. Овластен генерален претставник е за: OPTONICA, со што осигурува врвен квалитет, голема заштеда на енергија, силна техничка подршка и комфорт за своите купувачи.
• Компанијата врши и проектирање и изведба на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија. Адамант Лајтинг Груп ДОО соработува со лиценцирани инсталатери и инженери проектанти, проектира и реализира комплексни решенија за потребите на индустријата и градежништвото, а кои се базираат на висока енергетска ефикасност, голема заштеда на енергија, брз поврат на почетната инвестиција и заштита на животната средина.