ОЛ ЕКЕТРИК ( ПОПЕ ХОЛДИНГ)

ОЛ ЕКЕТРИК ( ПОПЕ ХОЛДИНГ)
ПОПЕ ХОЛДИНГ преку својот комерцијален бренд All Electric, го промовира својот концепт ПРОИЗВЕДУВАЈ СТРУЈА – ВОЗИ НА СТРУЈА на Македонскиот пазар скоро 3 години.
За производство на струја нудиме фотоволтаични панели и соларни инвертери од реномирани Италијански брендови, кои нудат одличен квалитет до 30 години гаранција, одлична ефикасност и добра цена. Нашите брендови произведуваат во сопствени фабрики со што постигнуваат одличен квалитет на своите производи по добри цени.
За да возите на струја нудиме мали електрични превозни средства како Електрични велосипеди, Електрични Моторцикли и Електрични тротинети, а наскоро и мали Електрични автомобили. Сите наши производи од понудата се од реномирани брендови од оваа индустрија со Литиумски батерии, со висок квалитет, гаранција и сервис. Нудиме и брендови од Европско потекло кои го достигнуваат максималниот квалитет а сепак нудат добра и прифатлива цена, како што се Greyp by RIMAC од Хрватска, Ecobike Полска.
За повеќе инфо може да ја посетите нашата веб страна www.allelectric.mk или посетете не на соларниот саем МАКСОЛ ЕКСПО од 31.05-02.06.2024 во Скопје Сити Мол.