Металтерм

Металтерм
МЕТАЛТЕРМ ДОО е компанија која 25 години успешно работи трговија на големо и мало во 7 области:
• Греење
• Климатизација
• Фотоволтаични системи
• Водовод
• Инокс материјали
• Индустриски инсталации
• Исовер минерална волна.
Област 1:Греење
Металтерм ДОО е меѓу водечките комании во Македонија во областа на трговија со компоненти за греење.
За сите производи поседуваме сертификати и декларации кои гарантираат квалитет и нивно безбедно користење .
Тука спаѓаат панелни радијатори, алуминумски радијатори, цевни регистри, бакарни цевки и фитинг, циркулациони пумпи, експанзиони садови, фенкојлери, бојлери и бафери, колектори и додатоци. радијаторски вентили и фитинг, котли и горилници, соларни колектори.
Увозници сме на повеќе различни брендови: Copa, Global, Radiatori 2000, Hirapan, Elbi, Wilo, Halcor, Tesy, Sunsystem, Helis, Icma, Nobus, Strato….
Област 2: Климатизација
Во областа на климатизација генерални увозници сме на топлински пумпи, климa уреди, VRF системи од брендот LG.
Узвоници сме и на топлински пумпи и клима уреди од брендот Nobus, топлински пумпи и мулти сплит системи Hyndai, и клима уреди Nordstar.
Област 3:Фотоволтаични системи
За висока енергетска ефикасност, голема заштеда на енергија, и заштита на животната средина, увозници сме на фото панели за производство на ел.енергија од брендот Jinko, Yingli, кострукција за истите за на керамиди, лимен кров и за на земја од брендот Enеrack, и инвертери од брендот Solax и Huawei.
Поседуваме и машина тип YC Eurostar за набивање столбови за монтажа на конструкција за фотоволтаици на земја, ескаватор, машина за копање ров за кабел, и истата ја изнајмуваме за потребите на клиентите.
Област 4:Водовод
Во областа на водоводот, увозници сме на брендот Wavin plisa (полипропиленски цевки и фитинг), узозници сме и на поцинковани цевки и поцинкован фитинг,
Пумпи Wilo за водноснабдување, брендот HD и Melscher за топчести, шибер, филтер вентили, панцир црева, опрема за купатила итн.
Област 5:Инокс материјали
Нудиме лимови, профили, цевки, шипки и фитинг од нерѓостувачки материјал.
Материјалите се од реномирани фабрики од Италија и Турција.
За сите материјали поседуваме сертификати.
Област 6:Индустриски инсталации
Нудиме материјали за индустриски инсталации од реномирани производители, придружени со потребните сертификати за квалитет.
Тука спаѓаат безрабни цевки и фитинг, топчести, филтер, шибер и неповрати вентили на фланши, фланши на навој, со грло или рамни, компензатори, лептир вентили итн.
Област 7:Исовер минерална волна
За сите видови на топлотна изолација без оптеретување, кај непроодни тавани, помеѓу потконструкции на дрвени подови и при градба со дрвени потпори. За звучна изолација и за апсорбција на звукови кај спуштени плафони, нудиме минерална волна без и со заштитна алуминиумска фолија од брендот Isover од групацијата Saint-Gobain.