БЛИЦ ГАРД

БЛИЦ ГАРД
Блиц Гард е компанија специјализирана за проектирање и изведба на инсталации за громобранска заштита, заземјување и заштита од пренапони. Покрај овие дејности компанијата се занимава и со трговија на високо квалитетни сертифицирани германски елементи за громобранска заштита. Единственото нешто за кое нема компромис е квалитетот. Сите производи се пропратени со десет годишна гаранција и сертификати за истите, од германскиот производител J.Proepster.
Блиц Гард е иноватор во промовирањето на најновите и најквалитетни инсталации за громобранската заштита, со што воедно го остваруваат и позитивниот биланс цена-квалитет.
Преку имплементирање на високо квалитетни елементи кои се изработени исклучиво од нерѓосувачки челик, топлопоцикован челик и алуминиум, приденесуваат громобранските инсталации да станат соодветни на европските инсталации со долготрајна функционалност и отпорни на сите атмосферски влијанија, а исто така естетски прикладни, без механички оптеретувања на објектите и лесни за монтажа.
Тие се представници на една од најголемите фабрики во светот на опрема за громобранска заштита
за изведба на пасивна громобранска заштита, како и за изведба на активна громобранска заштита со раностартувачки громобрани.
Предноста на нивните изведби се:
-Употреба на висококвалитетни елементи со 10 години гаранција,
изработени од алуминиум, инокс и топлопоцинкован челик (гарантирана долговечност и нема опсност од корозија).
-Системите се монтираат без правење на ниту една дупка на покривот (нема опасност од прокапување)
-Брза и педантна монтажа
-Нивната референца е изведба на над 1000 објекти од сите типови на изведба, воедно и решавање на висококомплексни монтажи.
-Целосна опрема за громобранска заштита со обемен лагер и можност за достава во секој момент.
-Изолирана громобранска заштита
Блиц Гард е гарант на многу објекти во Р.Македонија, дозволете им да ја гарантираат и вашата безбедност.