БАТЕРИ ЕВОЛУШН

БАТЕРИ ЕВОЛУШН
Батери Еволушн е компанија специјализирана за дистрибуција, инсталација, сервис и одржување на сите видови батерии за складирање енергија од фотоволтаичните системи, хибридни соларни системи, батерии за УПС системи, како и сите видови на акумулатори и батерии за транспортната индустрија.
Компанијата е основана во 2008 година како специјалист за дистрибуција, инсталација и сервис на акумулатори и батерии од најголемите светски брендови како Exide Technologies Group, Sonnenschein, Rombat. По брз неколкугодишен раст, компанијата ја проширува својата дејност во делот на индустриските батерии за УПС системи, дата центри, трафостаници, безбедносни системи, електрични вилушкари, дигалки и платформи.
Следејќи го развојот на индустријата на обновливите извори на енергија, изминатите неколку години компанијата ја насочува својата експертиза кон системите за складирање енергија, односно литиумските батерии. Денес, Батери Еволушн е пионер на пазарот во презентирањето на нови технологии за складирање на енергијата од фотоволтаичните системи и хибридните соларни системи. Во портфолиото од брендови може да се најдат најголемите светски производители како Exide Technologies Group, Rombat, Varta, Sonnenschein, KSTAR, Landport, Felicity Solar, Intact…
Заедно чекориме кон вистинска енергетска независност.