АИРОСД МАКЕДОНИЈА

АИРОСД МАКЕДОНИЈА
Kомпанијата ЛКВ Костовски од Велес е генерален затапник и увозник на Кинескиот бренд за Топлински пумпи АИРОСД. Компанијата ЛКВ Костовски е групација на повеќе брендови и франшизи како ФРОТКОМ , ТЕЛТОНИКА ЕНЕРГИ; АПАРТМАНИ КОСТОВСКИ и АИРОСД. На Македонскиот пазар постоиме повеќе од 15 години. Со секторот за греење и ладење со Топлински пумпи се занимава година и половина.
Дејаноста на компанијата е претежно трговија со опрема за греење, ладење и климатизација.Нашите топлински пумпи AIROSD ги обезбедуваат нашите клиенти со ефикасно и еколошки прифатливо греење и ладење за нивните домови и бизнис простории.
Сектор Трговија
Брендот АИРОСД во својата плеада на производи покарај Топлинските пумпи за греење , ладење и топла вода 3 во 1 во моноблок и сплит изведба се занимава со производство на Топлински пумпи за греење , ладење на големи индустриски објекти, Топлински пумпи за греење на базени и џакузи, Топлински пумпи за греење на топла санитарна вода за хотели и големи објекти каде има потреба од голема количина на топла вода, произвотсво на бафери, бојлер и бафер во еден производ, фенкојлери, одвлажнувачи за големи индустриски објекти.
Исто така ЛКВ Костосвки е застапник и на Литванскиот бренд ТЕЛТОНИКА ЕНЕРГИ која се занимава со прозвотство на полначи за Електрични возила. Полначите TeltoCharge се произведени во Европската унија.
ЛKV Костовски има мрежа од продажни места каде што клиентите можат да најдат целосна линија на топлински пумпи АИРОСД, како и сите потребни додатоци и опрема за инсталација. Покрај тоа, нудиме и одлична техничка поддршка и совети од нашите стручни тимови, за да им помогнеме на клиенти да ги изберат најдобрите решенија за нивните потреби.
Сектор на проектирање и изведба: Интегрирани системи за греење и ладење.
Во соработка со голем број на фирми за инсталирање на системи за греење и ладење , како и инженери и инсталатери обезбедуваме интегрирани системи за греење и ладење, со АИРОСД Топлинските пумпи. Ние создаваме решенија кои ги задоволуваат потребите на различните индустрии и градежни проекти, обезбедувајќи енергетски ефикасни и одржливи опции за нашите клиенти.