ЕКО ТИП

ЕКО ТИП
Екотип е компанија со 26 години искуство со основна дејност филтрација на течности и воздух.
Нивниот тим поддржан од искуствата и научно технолошки достигнувања на едни од најиновативните корпорации им овозможува да понудат решенија кои суштински ја менуваат оддржливоста и здравјето на навните купувачи и нивните најмили.
Денес Екотип покрај филтрацијата, е водечки снабдувач во повеќе индустриски сегменти: Трансмисиони елементи, Лична заштитна опрема, Енологија, Процесна опрема и инженеринг, Нерѓосувачки челик и алуминиум, Компресорски и вакумски единици, Индустриски масла и мазива, Еколошки средства и опрема за хигиена и друго.
Некои од партнерите на Екотип во сегментот Индустрија и бизнис се: 3М, AAF, Pall, Ameral Beltech, Schiki, Perdomini IOC, Castrol, Mann+Hummel, Aquaporin, Culligan, Mibra, и други.
Екотип Енергија има за цел да биде лидер на пазарот во понудата на еколошки одржливи решенија како за домаќинствата така и за компаниите.
Екотип Енергија се занимава со проектирање, изведување и продажба на фотоволтаични системи и опрема и нуди исклучиво производи кои се иновативни, современи, високо квалитетни и афирмирани во светски рамки. Екотип на своите клиенти како и на сите корисници на фотоволтаични системи нуди професионално, роботско чистење на фотоволтаичните модули со најнапредниот робот на денешницата Solarcleano F1.
Екотип е ексклузивен застапник за Македонија за реномираните производители на:
• Микроинвертори – Enphase
• Инвертори – Solis
• Фотоволтаични модули – TrinaSolar
• SolarCleano – Роботи за чистење на фотоволтаични модули
Екотип располага со високо професионален инженерски тим кој нуди беспрекорна грижа и ќе понуди решенија за сите Ваши потреби.