Тренинг програма за инсталација на Фотоволтаични/Фото-термални/Термални соларни системи (Online)
Македонската Соларна Асоцијација увиде дека постои потреба од информации, литература и алтернативни начини на учење на македонски јазик за соларната технологија. Од таа причина создаде курс PV/PVT/T installation training programme – Тренинг програма за инсталација на Фотоволтаични/Фото-Термални/Термални соларни системи. Курсот е производ на соработка на Солар Македонија со УНДП и Future Skills Centar од Тетово. Прикачен е на платформата за учење skills4future.mk.
Курсот претставува едноставен, интересен и модерен начин на збогатување на знаењата за соларната технологија. Наменет е за студенти, проектанти, инженери и сите активни чинители кои ја поддржуваат употребата на обнолвивите извори на енергија. Бесплатен е и достапен за секој што е заинтересиран.
Целта на курсот е да се запознаат читателите со основите на димензионирање, монтажа и сервис на фотоволтаични/фото-термални/термални соларни системи. Препорачливо е кандидатите да имаат минимални технички познавања во полето на соларна техника со цел успешно да го следат курсот.
Курсот е составен од 9 модули:
- Модул 1: Основни теориски сознанија за фотоволтаичните и фото-термалинте системи;
- Модул 2: Безбедносни мерки при инсталација на соларен систем;
- Модул 3: Типови на кровни конструкции за монтажа на соларен систем;
- Модул 4: Подготовка на соларен систем пред монтажа;
- Модул 5: Составни делови на пумпни и термосифонски соларни термални системи;
- Модул 6: Димензионирање со помош на табели, избор на опрема и одржување;
- Модул 7: Димензионирање на соларни системи со помош на софтвери;
- Модул 8: Планирање и димензионирање на фотоволтаичните фото-термалните соларни системи;
- Модул 9: Димензионирање на пумпни или термосифонски соларни системи.
Едукативнот материјал се состои од кратки воведни видеа и пропратни ПДФ документи. По завршувањето на секој модул има сет од прашања што треба да се одговорат. Критериумот за успешно поминување на секој модул е минимум 60% точно одговорени прашања. Кога ќе се завршат сите модули системот генерира сертификат за успешно завршување на курсот.
Автори на курсот се:
- Проф. д-р Илија Насов (Претседател во Солар Македонија)
- м-р по машински науки Трајков Стефан (Проектен Менаџер во Солар Македонија)
- Проф. д-р Димитар Димитров (ФЕИТ)
- Проф. д-р Славе Арменски ( МФС-Скопје)
- м-р Никола Глигоров (Директор на Вентил Трејд)
- м-р Александра Симеонова (Проектант во Вентил Трејд)
- Машински инженер Столе Филипов (Директор во Камел Солар)
- Машински инженер Трајков Зоран ( Директор во Еко Солар)
- Дипломиран Економист / ИТ Инженер Ѓоко Цветков (Менаџер за деловен развој / Ултрасофт Системи)
За да го отворите курсот потребно е најпрво да направите профил на skills4future.mk. Доколку веќе имате профил, само треба да се најавите на следниов линк: https://skills4future.mk/moodle/login/index.php
Местото за најaва изгледа вака:
Откако ќе се најавите и ќе се запишете на курсот, ќе се појави прозорецот како на сликата. Со ова успешно сте пристапиле на содржините на курсот.
Не заборавајте дека, како што рекол Нелсон Мандела, „Образованието е најмоќното оружје кое може да го искористиме за да го промениме светот“.
Уживајте во процесот на учење!