Македонската Соларна Асоцијација увиде дека постои потреба од информации, литература и алтернативни начини на учење на македонски јазик за соларната технологија. Од таа причина создаде курс PV/PVT/T installation training programme – Тренинг програма за инсталација на Фотоволтаични/Фото-Термални/Термални соларни системи. Курсот е производ на соработка на Солар Македонија со УНДП и Future Skills Centar од Тетово. Прикачен е на платформата за учење skills4future.mk.

Курсот претставува едноставен, интересен и модерен начин на збогатување на знаењата за соларната технологија. Наменет е за студенти, проектанти, инженери и сите активни чинители кои ја поддржуваат употребата на обнолвивите извори на енергија. Бесплатен е и достапен за секој што е заинтересиран.

Целта на курсот е да се запознаат читателите со основите на димензионирање, монтажа и сервис на фотоволтаични/фото-термални/термални соларни системи. Препорачливо е кандидатите да имаат минимални технички познавања во полето на соларна техника со цел успешно да го следат курсот.

Курсот е составен од 9 модули:

  • Модул 1: Основни теориски сознанија за фотоволтаичните и фото-термалинте системи;
  • Модул 2: Безбедносни мерки при инсталација на соларен систем;
  • Модул 3: Типови на кровни конструкции за монтажа на соларен систем;
  • Модул 4: Подготовка на соларен систем пред монтажа;
  • Модул 5: Составни делови на пумпни и термосифонски соларни термални системи;
  • Модул 6: Димензионирање со помош на табели, избор на опрема и одржување;
  • Модул 7: Димензионирање на соларни системи со помош на софтвери;
  • Модул 8: Планирање и димензионирање на фотоволтаичните фото-термалните соларни системи;
  • Модул 9: Димензионирање на пумпни или термосифонски соларни системи.

Едукативнот материјал се состои од кратки воведни видеа и пропратни ПДФ документи. По завршувањето на секој модул има сет од прашања што треба да се одговорат. Критериумот за успешно поминување на секој модул е минимум 60% точно одговорени прашања. Кога ќе се завршат сите модули системот генерира сертификат за успешно завршување на курсот.

Автори на курсот се:

  • Проф. д-р Илија Насов (Претседател во Солар Македонија)
  • м-р по машински науки Трајков Стефан (Проектен Менаџер во Солар Македонија)
  • Проф. д-р Димитар Димитров (ФЕИТ)
  • Проф. д-р Славе Арменски ( МФС-Скопје)
  • м-р Никола Глигоров (Директор на Вентил Трејд)
  • м-р Александра Симеонова (Проектант во Вентил Трејд)
  • Машински инженер Столе Филипов (Директор во Камел Солар)
  • Машински инженер Трајков Зоран ( Директор во Еко Солар)
  • Дипломиран Економист / ИТ Инженер Ѓоко Цветков (Менаџер за деловен развој / Ултрасофт Системи)

За да го отворите курсот потребно е најпрво да направите профил на skills4future.mk. Доколку веќе имате профил, само треба да се најавите на следниов линк: https://skills4future.mk/moodle/login/index.php

Местото за најaва изгледа вака:

Откако ќе се најавите и ќе се запишете на курсот, ќе се појави прозорецот како на сликата. Со ова успешно сте пристапиле на содржините на курсот.

 

Не заборавајте дека, како што рекол Нелсон Мандела, „Образованието е најмоќното оружје кое може да го искористиме за да го промениме светот“.

Уживајте во процесот на учење!

Views: 218